Криза во скандинавскиот рај

Од:

Идеалот кон кој се стреми секоја земја, во исто време да се има социјална држава и конкурентна економија, успешно го живеат само четири нордиски земји: Данска, Финска, Норвешка и Шведска. Според сите истражувања, тоа се земји во кои е најубаво да си роден и да живееш. Меѓутоа, кризата остави трага и во тој дел од светот, а политичарите и деловните луѓе на скандинавските земји се повеќе се загрижени од прашањето колку нивниот модел на функционирање воопшто е одржлив.

Во серија интервјуа за Фајненшел Тајмс укажаа на се она што ги загрижува: големата имиграција, стагнирање на производството, растот на нееднаквоста и слабиот економски раст во Финска и Данска. Ларс Локе Расмусен, лидер на најголемата данска опозициска партија, рече дека кризата им ги отворила очите за слабостите на моделот и дека треба повеќе да се фокусираат на зголемување на конкурентноста.

Намалување на бенефициите

Кога би се зборело за компанијата, Ларс Фаесте ген. директор на Бостон Консалтинг Групата за Скандинавија, смета дека на системот му треба трансформација, а во случајот со Данска и Финска и вистински пресврт. Според политичките расправи во тие земји, голем проблем претставува пазарот на трудот, високата стапка на невработеност и притисокот на социјалната држава поради стареење на населението. Се нудат различни решенија, како намалување на државната потрошувачка и бенефициите како и поттикнување на луѓето да работат.

Податоците говорат дека во изминатата деценија растот на производството изнесувал 1 отсто, додека во текот на 80-тите години бил 2 до 3 отсто, па се наметна прашањето за одржливоста на големите плати. Карл-Петер Торвалдсон, претседател на шведскиот синдикален конгрес ЛО, смета дека нордиските економии во минатото биле конкурентни токму поради високите плати, бидејќи тие ги принудуваат компаниите побрзо да се менуваат и да мораат да бидат попродуктивни. Ограничувањето на растот на платите, смета тој, ќе спречи некои луѓе да се откажат од големите бенефиции.

Стареење на населението

Падот на производството тој го припишува на поместувањето на структурата на економијата од производството на услугите. На крај сите политичари се согласуваат, десните и левите, дека одговорот е во тоа да работат што повеќе луѓе, што ќе го реши и проблемот со стареењето на населението.

– Она што ни треба е повеќе работни часови во економијата. Ни треба производство кое ќе ни овозможи социјална држава – рече за ФТ Стефан Лофвен премиер на Шведска.

Прашањето на имиграцијата

Тоа вклучува зголемување на старосната граница за одење во пензија, вработување на студенти како и зголемена вработеност меѓу жените и имигрантите. Интегрирањето на имигрантите е посебен предизвик, а се проценува дека оваа и идната година ќе бидат 100.000.

За да се поевтини моделот преоптоварен со голем број на луѓе кои не се активни на пазарот на трудот и да се зголеми ефикасноста, некои земји покренаа реформи на социјалниот систем. Некои јавни услуги, како пожарникари и Брза помош во Данска или болниците и училиштата во Шведска, се повеќе ги водат приватни компании. Но, премиерот Лофвен е внимателен бидејќи тој смета дека социјална држава не може да се третира како бизнис, тоа е сепак сосема нешто друго.

Неколку скандали со аутсорсингот доведе до тоа Швеѓаните да почнат да разликуваат дали можат приватните компании да обезбедат витални јавни услуги. Во еден пензионерски дом кој го водат фондови со ризичен капитал, на пример, станарите се жалеле дека немаат потребна нега, а компанија која водела едно училиште банкротирала и 11.000 ученици ги оставила на цедило.

Наспроти проблемите, сите се свесни дека на нордискиот модел, кој почна да се развива во 1980-тите години, кога сите четири земји донесоа закони за социјално осигурување, сепак му се потребни промени, ако сака да преживее. 

Јутарњи лист – Загреб

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Норвешка го зголеми бројот на регрути: Мора да имаме доволно луѓе, ќе ни требаат се повеќе и повеќе

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски

ВИДЕО: Почина едно од децата рането во пукањето во Финска

Катерина Ѓуровски

Пукање во училиште во Финска, ранети повеќе деца