Според добро информирани извори, во Алжир во моментов кулминира мобилизацијата на службите во државниот врв. Причините се здравствената состојба на Брахим Гали, лидерот на движењето Полисарио и таканаречениот претседател на ШАДР која нагло се влошува од 15 септември годинава, така што тој мораше да биде хоспитализиран во Алжир.
Расне загриженоста во Алжир за иднината и можната загуба на главниот човек на режимот за работите поврзани со претензиите за одделување на Западна Сахара. Таквиот исход би ја разнишал стратегијата на Алжир, особено бидејќи видно нема никој кој би можел да го наследи.
Брахим Гали беше “избран“ за Генерален секретар на Фронтот Полисарио, но исто така и за претседател на прогласената ШАДР во јули 2016, со сталинистички број на гласови во негова корист од 93.16%. Брахим Гали тогаш го замени Мохамед Абделазиз кој почина на 31 мај истата година, по долго боледување.
Брахам Гали страда од хепатитис Ц кој е во многу напреден стадиум и веќе резултира во цироза на црниот дроб. Информациите за неговата физичка онеспособеност се проширија еден ден по неговиот избор за водач на Фронтот. Ситуацијата е уште покритична и поради тоа што и здравствената состојба на неговиот шеф, алжирскиот претседател Абделазиз Боутефлика, е критична откако имаше мозочен удар во 2013. Оттогаш, неговите појавувања во јавноста се ретки иако власта во Алжир апсолутно сака да го одржи во живот и активен.