Кремљ: „Воената операција во Украина се одвива според планот“

Од:

Спротивно на оценките на многу меѓународни експерти, Кремљ изрази задоволство од она што го направи неговата војска во Украина повеќе од 10 недели по почетокот на војната, јави ДПА.

– Операцијата се одвива според планот, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска во Москва.

Инвазијата на соседната земја, која по наредба на рускиот претседател Владимир Путин почна на 24 февруари, официјална Москва ја нарекува „специјална воена операција“.

Меѓународните набљудувачи, од друга страна пак, веруваат дека Кремљ би сакал да го прослави, меѓу другото, целосното освојување на источните украински региони Луганск и Доњецк на „Денот на победата“ на 9 мај. Сепак тоа се чини се поневозможно со оглед на слабото напредување на руските трупи.

Затоа со нетрпение се чека што Путин ќе објави за понатамошниот тек на војната на традиционалната воена парада во понеделник на 77-годишнината од победата над хитлерова Германија, коментира ДПА.

Шпекулациите дека Путин би можел да нареди општа мобилизација во Русија беа веќе демантирани од Кремљ оваа недела.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска ја критикуваше Полска за, како што рече, непријателската реторика, додавајќи дека Варшава може да биде „извор на закана“.

Полска ја повика Европската унија да ги зајакне санкциите против Москва, како и НАТО да ја вооружи Украина во борбата против руските сили кои влегоа на истокот на оваа земја.

Полската министерка за животна средина и клима, Ана Москва, кажа дека „Полска е горда што е на листата на непријателски држави на Путин“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Русија за американската помош: Ова дополнително ќе ја уништи Украина

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава