Кремљ е уверен дека СЗО во следните месеци ќе ја признае вакцината Спутник

Од:

Кремљ е убеден дека СЗО ќе ја одобри руската вакцина пртоив Ковид-19, Спутник Б во следните неколку месеци изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмиртиј Песков.

Во вторникот од Кремљ соопштија дека Русија уште не ја предала на СЗО целата документација потребна на одобрување на вкацината поради разликите во регулаторните стандарди.

„Цврсто верувам дека СЗО за неколку месеци ќе го одбори Спутник В, тогаш заедно со Европејците ќе ја прдолжиме борбата против ковид“ – вели Песков за Интерфакс.

Светската здравствена организација очекува сите потребни документи да бидат доставени до крајот од годинава соопштија од организацијата.

Во документарец за пандемијата на Ковид-19, емитуван на државната телевизија Русија 1, Песков рече дека смртноста во Русија е многу висока. Ја опиша како трагедија која особено го окупирала претседателот Путин и неговата администрација.

Во Русија денеска се пријавени 1023 смртни случаи од ковид. Русија е на трето место во светот по бројот на смртни случаи. Според извештајот на Ројтерс поголема смртност имаат само Бразил и САД.

Песков луѓето кои одбиваат вакцинација ги нарекува „опасни будали“.

Тој потврди дека има починати и челнови на администрацијата на претседателот и челнови на нивните семејства, но дека Путин не е во опасност од зараза.

Путин прими две дози вакцина, а ја прими и експерименталната вакцина во спреј на Спутник.

„Околу него има доста лекари и стручњаци кои се грижат за неговата епидемиолошка безбедност“ – вели Песков.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа