„Бидејќи нејзиното височество сè уште има благи симптоми на настинка, таа одлучи да не ги преземе своите планирани виртуелни ангажмани денес, но ќе продолжи со лесни обврски“, рече портпаролот на Бакингемската палата.
Се очекува кралицата денеска да разговара со премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон, но и тоа сега е доведено во прашање.
Иако била трипати вакцинирана, по веста дека принцот Чарлс и дел од персоналот во палатата биле позитивни на Ковид, тестот на Елизабета бил позитивен.