Коронавирусот го затвори Лувр во Париз

Од:

Поради ширењето на коронавирусот, Лувр во Париз денеска бил затворен, бидејќи чуварите во музејот се плашеле да не бидат заразени од вирусот поради големиот проток на туристи од целиот свет.

Речиси три четвртини од 9,6 милиони посетители во минатата година во Лувр доаѓале од странство. Најпознатиот музеј во светот дневно го посетуваат десетици илјади луѓе.

„Уплашени сме, бидејќи имаме посетители од секој дел на светот. Ризикот е преголем. Засега нема информации дека некој од 2300-те вработени е заразен од вирусот, но сепак, тоа е само прашање на време“, изјавил еден од чуварите за „Блумберг“.

Во кратката изјава од Лувр се велело единствено дека музејот нема да работи во претпладневните часови поради превенција од коронавирусот. Попладнето, почнале да доаѓаат посетители кои чекале со часови, но музејот сепак не бил отворен во текот на целиот ден.

Ваквата одлука следуваше откако француската влада донесе одлука да ги забрани настаните во затворен простор каде што има повеќе од 5 илјади луѓе.

На утрешниот состанок, раководството на Лувр треба да донесе одлука за понатамошната работа на музејот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци