Коронавирсот не „избегал“ од лабораторија, но не е „виновен“ ниту пазарот во Вухан сведочи истражител на СЗО

Од:

Доминик Дајер, австралискиот претставник во тимот на СЗО кој беше во Вухан во потрага по потеклото на коронавирусот ги споделува сознанијата за потеклото на пандемијата.

Во посетата на Вухан научниците го запознале првиот човек кој беше дијагнистициран со Ковид-19. Ги сретнале лекарите кои работеле во болниците во Вухан со првите случаи и дознале што се случило со нив и со нивните колеги.

Разговарале со колегите научници, епидемиолози и други лекари во текот на четирите недели колку што тимот на СЗО беше во Кина.

Според нивните сознанија, вирусот првично се појавил во Вухан во декември во 2019 година. Истрагите на тимот покажуваат дека вирусот е од животинско потекло, а кај луѓето најверојатно е пренесен од лилјаци преку животно посредник кое засега е непознато.

Научниците и натаму работат на утврдување на текот на случувањата кои доведоа до пандемијата. Примероците земени од лилјаци и од диви животни од провинцијата Хубеј не покажале присуство на SARS-CoV-2.

Истражителите на СЗО го посетија и пазарот во Вухан за кој се сметаше дека е извор на вирусот. На некои тезги се продавале диви животни и прозиводи од нив, но ниту еден животниски производ тестиран по затворањето на пазарот не бил позитивен на вирусот.

Исто така важен податок е и тоа дека некои од првите 174 случаи воопшто и не биле на пазарот вклучувајќи го тука и човекот кој беше прв случај. Сепак постојоат докази дека на пазарот имало кластер. Вирусните секвенци земени од неколку луѓе кои го посетиле пазарот биле идентични.

Заклучокот е дека пазарот во Вухан бил првото место за поголемо ширење на вирусот, но не е „нултата точка“ и затоа научниците ќе мора да го побараат потеклото на вирусот на друго место.

Истражителите ја разгледувале и теоријата дека вирусот „побегнал од лабораторија“. Но, дошле до заклучок дека оваа можност е крајно неверојатна.

Тимот на СЗО прегледал 76 илјади записи на кинеските колеги земени од повеќе од 200 институции во обидот да најдат било каков податок кој би укажал на на нешто што личи на Ковид-19. Не пронашле јасни докази дака вирусот се движел во Вухан пред зимата во 2019 година.

Мисијата во Кина беше само прва фаза. Официјалниот извештај ќе биде објавен наскоро. Истражителите ќе бараат податоци за тоа дали вирусот циркулирал низ Европа во 2019 година. Исто така ќе продолжат со тестирање на диви и други животни за да утврдат присуство на вирусот во регионот.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО