Конте: Владата не предвидува целосен карантин, можно е воведување „црвени зони“

Од:

Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави за весникот „Ла Стампа“ дека Владата не предвидува воведување нов карантин за целата национална територија, како што беше случај за време на екот на пандемијата на Ковид19, но дека е можно да се воведат „црвени зони“ каде што е потребно.

Нешто слично веќе воведоа властите на градот Џенова, каде историскиот центар воведе обврска да се носат заштитни маски во текот на целиот ден, без оглед на физичката оддалеченост.

Новата мерка на локалните власти ќе биде на сила се додека не се подобри епидемиолошката состојба.

Регистрирани се 63 нови случаи на инфекција со Ковид19 за само еден ден, во стариот дел на градот Џенова, а половина од заразените се странски државјани.

– Ја презедовме оваа мерка затоа што се покажа дека носењето заштитни маски обезбедува значителна заштита. Очекуваме соработка на сите граѓани, рече градоначалникот на Џенова, Марко Бучи.

Би можело да ве интересира

Анкета: Американците помалку му веруваат на Трамп откако тој се зарази со коронавирусот

Жарко Настоски

Коронавирусот не го одмина ни европскиот шампион Баерн, Гнабри е позитивен

Жарко Настоски

Бугарскиот претседател Радев во самоизолација откако имал контакт со заразен од Ковид-19

Жарко Настоски

Од четврток во Бугарија задолжително носење маски и на отворено

Жарко Настоски

НАТО донира 60 респиратори во Албанија

Жарко Настоски

На Италија и недостасуваат 4.000 анестезиолози

Жарко Настоски