Конфликт во рускиот државен врв

Од:

Во рускиот државен врв дошло до онфликт. Член на потесното опкружување на Владимир Путин директно се судрил со рускиот претседател поради грешките и пропустите во војната во Украина, пишува Вашингтон пост, повикувајќи се на американските разузнавачки служби.

Поединецот, кого Пост не го именува, наводно му изразил загриженост на Путин за лошото водење на војната и грешките направени од руските воени лидери.

„Од почетокот на окупацијата, сведоци сме на зголемена тревога кај многу од внатрешните кругови на Путин. Нашите проценки сугерираат дека тие се особено поттикнати од неодамнешните руски загуби, погрешната насока на војната и големите воени недостатоци“, изјавил анонимен разузнавачки извор за Вашингтон Пост.

Друг висок функционер рекол дека многумина околу Путин веруваат дека војната не оди во вистинската насока.

„Има многу луѓе кои се убедени дека ова не оди добро или дека ова не е вистинскиот пат“, вели изворот.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, призна дека има несогласувања за војната, но додаде дека „сето тоа е дел од нормалниот работен процес“.

„Ова не е знак за некаков раскол“, рече Песков.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ