Комеморативен собир за Фидел Кастро во Хавана

Од:

Десетици илјади Кубанци, како и високи гости од странство, се собраа синоќа на Плоштадот на Револуцијата во Хавана, за да му одадат почит на починатот кубански лидер Фидел Кастро.

Кастро почина во петокот вечерта по локално време на 90-годишна возраст. Поради болест и нарушено здравје, тој во 2008 година се повлече од сите функции и власта му ја предаде на својот пет години помлад брат Раул Кастро.

Комеморацијата почна со интонирање на кубанската химна, а потоа за Кастро зборуваа некои од странските гости.

Најголемиот број од нив се левичарски претседатели од земјите на Латинска Америка, како и од други делови од светот, но беше забележливо отсуството на западни политички лидери.

Земјите од Западот на комеморацијата во Хавана беа претставени на пониско ниво.

САД, кои пред две години ги обновија односите со Куба, по прекин од половина век, беа претставни од номинираниот амбасадор во Хавана и од помошникот на советникот за национална безбедност.

Почесно место на церемонијата имаа лидерите на Венецуела, Боливија и Еквадор – Николас Мадуро, Ево Моралес и Рафаел Кореа, кои го придружуваа кубанскиот претседател Раул Кастро, а заедно со нив беа и претседателите на Мексико и на Панама.

На комеморацијата, зборуваа Мадуро, јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума, претседателот на Зимбабве, 92-годишниот Роберт Мугабе, како и грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Според кубанските медиуми, урната со пепелата на Кастро, која досега се наиѓаше во Минстерството за одбрана во Хавана, од денеска ќе тргне на пат низ Куба кон градот Сантјаго де Куба на југоисток од замјата, каде во недела ќе биде погребан неговите посмртни останки.

Погребот ќе се изврши на гробиштата на кои е закопан и кубанскиот херој од борбата за независност, Хозе Марти.

Би можело да ве интересира

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД

Куба ја откажа парадата на Меѓународниот ден на трудот поради постојаниот недостиг на гориво

Ана Ололовска

САД повторно почна да депортира Кубанци

Катерина Ѓуровски