Командантот на силите на НАТО во Европа побара доставка на оружје за Украина

Од:

Главниот командант на силите на НАТО во Европа, генерал Куртис Скапароти изјави вчера дека ја поддржува идејата на САД за доставка оружје за Украина.

Украина од поодамна бара доставување оружје за борбата против проруските сепаратисти во источниот дел на земјата.

Владата на претходниот американски претседател Барак Обама одби да го стори тоа и во Украина испрати само американски војници кои ги обучуваат украинските колеги.

– Јас лично сметам дека треба да го разгледаме испраќањето на одбранбени оружја, рече Скапароти пред Комисијата за вооружени сили на Претставничкиот дом на САД.

– Украинците се борат против смртоносен и софистициран непријател, поддржан од Москва, рече Скапароти, кој исто така е и главен командант на американските сили во Европа.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје