Колумбиските бунтовници го ослободија францускиот новинар

Од:

Францускиот новинар, Ромео Ланглоа, известувач за „Франс прес“ од Колумбиа по 33 дена заложништво денеска е ослободен и вратен дома.

Тој исчезна во една акција на колумбиската полиција против нарко-бандите во Колумбија.

Триесет и петгодишниот Ланглоа не се пожали од односот на бунтовниците кон него, рече дека секогаш му давале доволно храна, му го носеле душекот, не бил врзан, тепан ниту навредуван.

„Чувствував дека герилците сакаа да ме ослободат, уште веднаш, но премногу луѓе почнаа да зборуваат за мене, работата се исполитизира и тие одлучија да ме задржат“, изјави Ланглоа и додаде: „Не сум лут, прифаќам извинување, но не се согласувам со „правото“ да ме задржат 33 дена“.

Не се кае што присуствувал на опасната акција затоа што како како што вели „работа на еден новинар е да ги покрие сите делови на конфликтот”.

Ги повика и останатите новинари да продолжат со покривање на конфликтот од сите точки на гледање, земајќи ги во предвид сите инволвирани страни.

Кетрин Ештон, висок преставник на ЕУ го пoздравува ослободувањето на новинарот Ланглоа и се надева дека позитивната разврска на овој случај ќе значи и дефинитивен крај на киднапирањата од страна на припадниците на ова движење.

Би можело да ве интересира

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски

Претседател на колумбиски второлигаш e убиен по поразот на неговиот клуб

Горан Наумовски