Колумбискиот генерал кој беше киднапиран од ФАРК ја напушти армијата

Од:

Колумбискиот генерал Рубен Дарио Алзате кој пред два дена беше ослободен,откако две недели помина како заточеник на левичарската бунтовничка група ФАРК,поднесе оставка и на напушти армијата,затоа што призна дека ги прекршил безбедносните правила на војската,кога беше киднапиран.

Генералот Алзате,еден каплар,како и адвокат-цивил, на 16 ноември беа киднапирани во еден одалечен реон од колумбиската џунгла,додека патуваа со брод по реката Арато.На тоа патување, во реон што е означен како „црвена зона„ поради присуството и дејствувањето на бунтовниците од ФАРК,генералот заминал без воена придружба и заштита,облечен во цивилна облека.

Грабнувањето на Алзате беше прв случај во 50 годишната историја на воените судирања на војската со бунтовниците,во кој беше киднапиран еден генерал на колумбиската армија.

Претседателот на Колумбија,Хуан Мануел Сантос остро реагираше на киднапирањето,веднаш прекинувајќи ги двегодишните мировни преговори меѓу власта и ФАРК што се водат на Куба,но побара истарага од Министерството за одбрана и од армијата за тоа како и зошто еден висок воен функционер патувал без заштита и без униформа,во една опасна зона.

По ослободувањето Алзате ја призна вината и објасни дека заминал по реката во обидот да се најде начин за да им се помогне на заедниците кои живеат во тој дел од Колумбија,во мошне тешки услови.

Тој бил вклучен во проектот за изградба на електрични генератори за добивање струја и за електрификација на целиот реон,а униформата ја оставил,затоа што знаел дека локалното население има силни резерви кон воените униформи.

Еден војник кој управувал со бродот,откри дека го предупредувал генералот на опасноста од патувањето во „црвената зона„ но Алзате не го послушал,па побарал да ги истовари него и неговите придружници, во првото село на кое ќе наидат.

Никој од нив не знаел дека во селото се наоѓаат припадници на ФАРК кои веднаш ги грабнале и ги одвеле во непознат правец.

По двонеделни преговори,со помош на Црвениот Крст,генералот и другите две лица кои беа со него,беа ослободени.

Колумбискиот претседател Сантос ја пофали досегашната работа на генералот Алзате,но ја прифати неговата оставка и повлекувањето од армиските сили.

Би можело да ве интересира

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски

Претседател на колумбиски второлигаш e убиен по поразот на неговиот клуб

Горан Наумовски