„Кочан зима“ со поларни температури

Од:

Минус триесет степени, ледени дождови и силни невремиња, дали ова ќе ни биде нешто секојдневно полни пет месци? Дали доаѓа Сибирска зима?

Метеоролошките експери прогнозираат дека цела Европа ќе се соочи со најстудената зима во последните сто години.

По овие прогнози, паника во Европа, па многумина веќе го почнаа подготовките. Оние кои можат планираат да се „преселат“ во потоплите краеви.

Руската радио станица Глас на Русија, пренесе извештај од виенски дневник дека оваа зима може да се нарече „зима на векот“, и ќе трае до месец април.

Најстудено, според германскиот експерт Доминик Јунг, ќе биде во јануари и февруари.

Од друга страна, дел од метеоролозите велат дека информациите се произволни и не може да има толку долгорочни предвидувања.

Кој е во право? Наскоро ќе почувствуваме и самите.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска