Клучен состанок за Украина во Минск

Од:

Лидерите на Русија, Украина, Германија и Франција денеска ќе се сретнат во Минск за да разговараат за решавање на украинската криза.

Според изјави на дипломатски извори, разговорите пред се ќе бидат насочени на повлекување на тешкото вооружување, создавање демилитаризирана зона на исток на Украина и започнување диајлог помеѓу Украина и проруските сили.

Состанокот на кој ќе присуствуваат Владимир Путин, Петро Порошенко, Ангела Меркел и Франсоа Оланд ќе започне околу 18 часот по локално време, а ќе биде одржан зад затворени врати, соопшти белоруското Министерство за надворешни работи.

Претходно, односно во вторник вечер, претставници на четирите држави кои ја сочинуваат контакт групата за Украина на состанок во Минск изработија шема за повлекување на тешкото вооружување и договорија режим за прекин на огнот и механизми на контрола на кои треба да се придржуваат, пренесе „Итар Тасс“.

Контакт групата за Украина исто така расправала и за формирање на влада во регионот на Донбас и одржување на локални избори, велат извори за руската агенцијата.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев