Климкин: Русија ги обучувала џихадистите од ИД

Од:

Украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин ја обвини синоќа Русија дека ги обучува џихадистите на Исламска држава (ИД).

– Голем број од оние, кои сега се на страната на ИД, се поранешни војници од армијата на Садам. Русија одлично го познава нивниот менталитет, а значителен дел од нив таа и ги обучувала, изјави Климкин, коментирајќи ја политиката на Москва на Блискиот исток.

Руски медиуми објавуваат дека Москва често повикува на неопходност од борба против ИД. Рускиот претседател Владимир Путин на средбата на врвот на Организацијата на Договорот за колективна безбедност истакна дека Русија ќе продолжи воено-технички да му помага на Дамаск во борбата против џихадистите. Тој ги повика сите земји да ги поддржат сириските власти во борбата против тероризмот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Напад на синагога и црква во Русија: Има мртви

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Москва ја опустоши невреме, се формираше торнадо: Најмалку две лица загинаа

Предраг Петровиќ

Повеќе од 52.000 украински војници поминале обука како дел од помошта на ЕУ за Украина

Пентагон: Употребата на оружје на Украина од САД не е ограничена само на Харков

Горан Наумовски

Ким Џонг-Ун: Ова е историски момент

Украина: Русија лансираше 10 дронови во текот на ноќта, сите ги уништивме