Пентагон: Употребата на оружје на Украина од САД не е ограничена само на Харков

Од:

Украина може да користи оружје доставено од САД за да ги погоди руските сили кои ги напаѓаат украинските војници насекаде преку границата со Русија, не само на руска територија во близина на украинската област Харков, соопшти Пентагон.

Минатиот месец американскиот претседател Џозеф Бајден му даде зелено светло на Киев да лансира оружје испорачано од САД на воени цели во Русија, пишува Ројтерс.

Сепак, официјалните претставници тогаш рекоа дека одлуката на Бајден се однесува само на цели во Русија во близина на границата со украинскиот регион Харков на исток.

Портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Патрик Рајдер, во четвртокот изјави за новинарите дека иако нема промена во политиката, употребата на оружје од Украина против руските трупи не е ограничена само на регионот Харков на руска страна.

„Способноста да се возврати со оган е навистина она на што е фокусирана оваа политика… бидејќи гледаме руски сили како пукаат преку граница, Украина мора да има способност да возврати на тие копнени сили, користејќи муниција обезбедена од САД“, рече Рајдер.

Би можело да ве интересира

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Песков: Шолц и САД продолжуваат да поттикнуваат војна во Украина

Зеленски вели дека не загинале 80.000 Украинци, туку многу помалку

Блинкен: САД ќе ѝ дадат на Украина оружје во вредност од 725 милиони долари

Напад на руски дронови на Тернопољ, градот делумно без струја

Горан Наумовски

Зеленски: Украина сака да ги врати окупираните територии