Кириакидес: Извлековме лекции од грешките во стратегијата за вакцинирање

Од:

Еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес, порача денеска пред Европскиот Парламент дека Европската Комисија е свесна за грешките и извлекла поука во однос на стратегијата за вакцинација во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Кириакидес одговараше на критиките и забелешките на европратениците на денешната пленарна седница посветена на стратегијата за вакцинација против Ковид-19 во ЕУ.

– Правиме сѐ што можеме да се бориме против вирусот во ЕУ и ширум светот, јасно е сега дека ќе се соочиме со предизвикот само ако бидеме сплотени, се бориме против заеднички непријател, а вакцините се клучот за излез од кризата, изјави еврокомесарката за здравство.

Таа нагласи дека целта на ЕУ е до летото да бидат вакцинирани 70 отсто од европското возрасно население и дека вакцините треба да бидат дистрибуирани еднакво во земјите членки без оглед на нивната големина.

Кириакидес додаде дека ЕУ има „морална одговорност“ и кон земјите од соседството и другите земји во светот.

– Ги извлековме лекциите и веќе делуваме врз основа на тоа, рече еврокомесарката.

Таа ги увери европратениците дека Комисијата го „споделува чувството на итност“.

– Ќе има и нови предизвици, појавувањето на нови варијации придонесува кон ова, мораме да соработуваме, во ова сме сите заедно, истакна Кириакидес.

Португалското претседателство изрази „целосна“ поддршка за работата на Европската Комисија.

– Во спротивно наместо да соработуваме, сега ќе се натпреварувавме едни со други со многу малку ресурси, изјави државната секретарка за ЕУ на Португалија, Ана Закариас.

Португалија, рече таа, е свесна за пропустите, но нагласи дека ЕУ солидарноста била клучна за зацврстување на националните здравствени системи.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски