Кинеските семејства не веруваат на последните информации за малезискиот авион

Од:

Членовите на семејствата на исчезнати Кинези на летот МХ370 изразија бес и неверување откако малезискиот премиер Наџиб Разак објави дека дел од авионското крило, што беше пронајдено на островот Реунион припаѓа на авионот на „Малезија Ерлајнс“.

Поголем број на патници во „Боинг 777“, кој исчезна пред 17 месеци по полетувањето од Куала Лумпур за Пекинг, беа Кинези.

Десетина вознемирени членови на семејствата се собраа пред канцеларијата на  „Малезија Ерлајнс“ во Пекинг.

– Не верувам на последните информации за авионот, не лажат од самиот почеток, истакна Чанг Јонгли, чија ќерка беше во авионот.

Разак синоќа изјави дека е потврдено оти пронајденото крило е на авионот од летот МХ370.

На социјалните мрежи некои тврдат дека се работи за измама која се прави со остатоците на авионот и мислат дека нивните роднини се живи и некаде се задржани

– Малезија сака да го избегне плаќањето на големи отштети и камати на семејствата тврдејќи оти е пронајден дел од авионот на островот Реунион и оти се работи за несреќа. Не и веруваме на Малезија, наведе Син Веибо.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски