Кина ги „протера“ јапонските бродови

Од:

Кинеските патролни бродови се соочија со јапонските во близина на спорните острови во Источното кинеско море.

Кинеската државната администрација за океани, објави дека четири бродови од Кинескиот морски надзор, навлегле во водите во близина на спорните острови, во 10 часот по локално време и „презеле чекори за протерување”, на бродовите од јапонската крајбрежна стража.

Претставникот на јапонската крајбрежна стража, Јуџи Кито изјави дека кинеските бродови влегле во јапонските територијални води и дека тие биле пресретнати од нивните бродови.

Тој рече дека бродовите на двете земји си сигнализирале едни на други, дека се во нивните територијални води и барале од другата страна да ја напуштат водата, пренесуваат агенциите.

Во последните неколку денови кинески бродови постојано патролираат во таа област, а Јапонија ги  искористи дипломатските канали по една таква патрола и упати остар протест.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он