Кина бара Филипини да има „посериозен приод’’ кон проблемите околу Јужното Кинеско Море

Од:

Филипинските медиуми денеска на ударни места го пренесуваат коментарот објавен преку официјалната кинеска агенција Ксинхуа во кој Пекинг констатира дека Филипините во врска со спорот околу сувереноста на Јужното Кинеско Море се однесуваат „како бебе кое плаче’’.

Кинеската реакција уследи по објавувањето на коминикето од завчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на АСЕАН во кое се изразува загриженост поради започнување на изградба на нафтени платформи и населби на островите во спорните територии.

Кина не го признава барањето на Филипините за арбитража на судот на Обединетите нации и инсистира, ако има спорни прашања тие да се решаваат билатерално.

Арбитража на судот на Обединетите нации околу спорот за сувереноста над териториите на Јужно Кинеско Море побара и Виетнам.

Спор околу сувереноста на морето богато со риба и големи резерви нафта и гас со Кина имаат и Малезија, Брунеи и Тајван, но тие до сега не побарале поддршка на меѓународните организации.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он