Кери: Русите во Сирија уредуваат систем за сопствена самоодбрана

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека најновото воено ангажирање на Русија во Сирија всушност претставува уредување на систем за сопствена самоодбрна и заштита за воените сили, кои веќе се на сириска територија.

Изјавата на Кери доаѓа по тврдењето на западните медиуми дека Русија „засилено го проширува своето воено присуство“ во Сирија, префрлајќи борбени авиони и хеликоптери, како и разузнавачки дронови и зголемувајќи го бројот на војниците за нови илјада луѓе. Објаснувањето на ваквата активност, се сведува на тоа дека Русија се подготвува воено да интервенира во сирискиот конфликт, за да го заштите и одржи на власт претседателот Башар ал Асад

Официјална Москва не демантира дека продолжува да ја помага сириската армија, но ги отфрли тврдењата за воено вклучување на сирискиот фронт.

Изминатите недели Кери на неколкупати се среќаваше и разговараше со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

САД во меѓувреме ја ублажија досегашната остра реторика и сега изразуваат подготвеност за соработка со Москва, за завршување на четиргодишната сириска војна.

Американскиот државен секретар во својата изјава, побара од рускиот претседател конструктивна улога во потрагата по дипломатско решение.

Минатата недела Кери во Лондон порача дека Западот и натаму инсистира на заминувањето на претседателот Асад.

Официјална Москва останува на својата дамнешна позиција дека за судбината на претседателот на Сирија може да одлучуваат само Сиријците.

Русија не прифаќа „либиско сценарио“ за сириската ситуација и ги отфрла тврдењата на Западот дека останувањето на Асад на власт била причината за појавувањето и подемот на џихадизмот и на Исламска држава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Напад на синагога и црква во Русија: Има мртви

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Москва ја опустоши невреме, се формираше торнадо: Најмалку две лица загинаа

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Ново Мексико

Ким Џонг-Ун: Ова е историски момент

Небензја: Русија ќе бара меѓународно признавање на нацистичките злосторства во СССР

Ослободена е невината жена која поминала 43 години во затвор во САД

Горан Наумовски