Кери ќе побара од Русија да ги разоружa групите во источна Украина и да се повлече од Крим

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска, на средбата со Русија, Украина и ЕУ во Женева, ќе побара од Русија да прекине со активностите во источна Украина, кои според САД претставуваат обид за дестабилизација на земјата, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Според американскиот Стејт департмент, тоа е прва цел на САД на средбата во Женева, додека на второ и трето место се враќање на Крим под украинска контрола и обезбедување на енергетското снабдување на Украина која е соочена со руски закани со прекин на дотурот на природен гас.

– Сакаме руската Влада да ги повлече своите сили од границата и од регионот на Крим. Сакаме да престанат акциите за дестабилизација и кршењето на украинскиот територијален интегритет и суверенитет, и сакаме Русија да ги повика вооружените сепаратистички групи во источна Украина да се повлечат и разоружаат. Ова се дел од работите кои сакаме Русите да ги сторат.

Во Женева ќе разговараме за деескалација, демобилизација, процесот на уставни реформи во Украина и секако подготовките за изборите на 25 мај. Во поглед на најважните приоритети, тоа се разоружување на вооружените сепаратистички групи, повлекување од источна Украина, повлекување од Крим.

Но, и разговорите за енергијата кои ќе ги водиме многу, многу недели од сега, изјави Мари Харф, портпаролка на Стејт департментот на вчерашниот брифинг за медиумите, во пресрет на патувањето на државниот секретар Џон Кери на средбата во Женева.

САД велат дека на средбите во Женева, Кери ќе има и билатерални средби со рускиот колега Сергеј Лавров, како и Кетрин Ештон од ЕУ и украинскиот министер за надворешни работи, но инсистираат дека на средбите на кои нема украински претставници нема да се носат одлуки за иднината на Украина.

Харф доби новинарски прашања дали САД признаваат дека руското преземање на полуостровот Крим, кој се припои кон Руската Федерација, веќе е завршена работа, но одговори дека САД очекуваат Русија да ги повлече силите и од оваа територија. Според Стејт департментот, Украина не е на работ на граѓанска војна, но е соочена со обид за дестабилизација.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува