Кери изрази надеж за скоро обновување на израелско-палестинските преговори

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери изрази надеж дека наскоро ќе бидат обновени израелско-палестинските мировни преговори, јави ДПА.

– Двете страни во конфликтот ја намалија големата бездна меѓу нив по спорните прашања, истакна синоќа Кери во Аман на заедничка прес-конференција со јорданскиот министер за надворешни работи Насер Џудe.

Тој го поздрави надредокот постигнат изминатите три месеци на „тивката дипломатија“ меѓу Израел и Палестинците со цел да се пронајде решение за еден од најтешките конфликти во современата историја.

Кери ја поддржа арапската мировна иницијатива, односно предлогот на повеќе од 50 арапски и други муслимански држави да го признаат Израел и да воспостават дипломатски односи со него, во замена за создавање на палестинската држава во границите oд 1967 година. Тој го повика Израел сериозно да ја разгледа оваа можност.

Кери се сретна и со јорданскиот крал Абдула, со кого исто така разговараше за можноста за обновување на израелско-палестинскиот мировен процес.

Претходно вчера тој имаше разговори и со претставници на Арапската лига. Ова е шестата посета на Кери на Блискиот Исток, откако во февруари дојде на оваа функција и втора за помалку од еден месец.

Би можело да ве интересира

„Њујорк тајмс“: Европа се одвраќа од Израел, го доживува како агресор

Борел: Признавањето на палестинската држава не е подарок за Хамас

Горан Наумовски

Палестина повторно испрати барање до Советот за безбедност за прием во ОН

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Песков: Русија ја признава државата Палестина

Полска објави дека поддржува решение со две држави за Израел и Палестинците