Кери: Договорено намалување на израелско-палестинските тензии

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави синоќа дека на разговорите во Аман се договорени чекори за намалување на тензиите меѓу Израел и Палестинците.

По разговорот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и јорданскиот крал Абдула Втори, Кери истакна дека биле дадени цврсти ветувања дека ќе се одржи статус квото во светите места во источен Ерусалим, кој Израел го окупираше во шестдневната војна во 1967 година и подоцна го анектираше.

Тој појасни дека Израел и Јордан, кој има улога на чувар на џамијата Ал Акса во ерусалимскиот стар град, исто така се договориле да преземат чекори за „деескалирање на ситуацијата“ во Ерусалим и за враќање на довербата.

Осврнувајќи се на мировниот процес меѓу Израел и Палестинците, Кери истакна дека не е вистински момент да се состане со двете страни.

Шефот на јорданската дипломатија Насер Џуде по состанокот изјави дека Израел ветил дека ќе ја почитува јорданската улога во Ерусалим, како што е предвидено со мирновната спогодба меѓу двете земји, потпишана во 1994 година.

Тој исто така напомена дека Кери, јорданскиот монарх и израелскиот премиер биле во телефонски контакт со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси за време на состанокот.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас се состана со Кери претходно вчера, исто така во Јордан. Јордански претставници изјавија дека Абас го претставил палестинскиот став за сегашите тензии во Ерусалим, како и загриженоста дека Израел го менува статус квото на метото на кое се наоѓа Ал Акса.

Би можело да ве интересира

„Овој ужас мора да престане“ – Итна седница на Советот за безбедност на ОН по нападот на Израел на Рафа

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

„Репортери без граници“ повторно го тужи Израел пред Хашкиот суд

ВИДЕО: Израел одговори на нападот на Хамас, погоден е камп за бегалци

Катерина Ѓуровски

Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео

Голем ракетен напад врз Тел Авив: Хамас објави дека е одмазда за убиството на цивили

Предраг Петровиќ