Кер: Велика Британија може да се откаже од Брегзит кога и да посака

Од:

Британскиот претставник кој ги подготви правилата за излез од ЕУ, Џон Кер изјави дека Велика Британија може да се откаже од Брегзит кога и да посака.

Додека е при крај уште еден круг од преговорите за Брегзит, Кер, кој го создаде Членот 50 од договорот за ЕУ, истакна дека „додека траат разговорите за развод, страните се уште се венчани“.

– Можеме да го смениме ставот во секој момент, нагласи Кер.

Тој додаде дека британската Влада ги прелажала гласачите да веруваат дека процесот за излез од ЕУ е незапирлив. Британските гласачи, како и политичарите, и понатаму се поделени во своите ставови околу Брегзит.

Британската премиерка Тереза Меј изјави денеска дека нема да ги толерира обидите за „блокирање на демократските желби на британскиот народ и за забавување на излезот на земјата од Унијата“.

Владата во Лондон планира да го озакони датумот за напуштање на ЕУ, како заштита од одложување, а според неа тоа треба да се случи во 11 часот на 29 март 2019 година.

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници