Кејт Пентус-Розиманус е именувана за нов министер за надворешни работи на Естонија, со декрет потпишан денеска од претседателот Томас Хендрик Илвес, јави ТАСС.
Розиманус досега беше министерка за животна средина.
Министерската функција во естонското МНР се ослободи откако вршителот на должноста Урмас Пает стана пратеник на Европскиот Парламент.
Естонското министерство за животна средина ќе биде предводено од Мати Рајдма, што досега беше на функцијата претседател на Парламентарната комисија за државна одбрана.