Кинескиот трговски гигант Алибаба е казнет со 2,8 милијарди долари поради монополска активност.
Кинеските власти ја засилуваат контролата над технолошките компании, затоа што кинеското политичко раководство е загрижено за доминацијата на најголемите онлајн компании кои се шират на финансискиот пазар, и во сферата на медицинските услуги и во другите витални индустрии.
Компанијата е казнета за „злоупотреба на својата доминантна позиција на пазарот“ со цел да ги ограничи своите активности на конкурентите кои работат преку платформата Алибаба.
Државната служба за контрола на бизнисот соопшти дека Алибаба го попречува „слободниот проток на стоки“, за што е изречена висока казна од 69,5 милијарди долари, што е еквивалентно на четири проценти од вкупниот приход остварен во 2019 година.
„Алибаба искрено ја прифаќа казната и во иднина ќе работи во согласност со законот“, се вели во соопштението на компанијата.