Пандемијата и донесе на компанијата Алибаба неочекуван голема профит

Од:

Приходите и профитот на кинеската компанија „Алибаба“ во четвртиот квартал од фискалната година, кој заврши во март, ги надминаа очекувањата бидејќи луѓето повеќе преминаа на олајн купувања на основни продукти поради ограничувања во движењето, воведени поради Ковид-19.

Приходот од основната трговска дејност на компанијата порасна за речиси 19 проценти на 93,87 милијарди јуани (13,16 милијарди американски долари) во четвртиот квартал, а приходите од секторот сметководство во облак се зголеми за 58 проценти.

Кинескиот гигант за е-трговија соопшти дека очекува приход од над 650 милијарди јуани во фискалната 2021 година.

Вкупниот приход на компанијата во четвртиот квартал се искачи на 114,31 милијарди јуани (16,02 милијарди долари) од 93,50 милијарди јуани една година порано.

Аналитичарите предвидуваа приход од 107,04 милијарди јуани.

Со исклучок на еднократните ставки, заработката на компанијата по акција изнесува 9,20 јуани во однос на очекуваните 6,10 јуани.

Би можело да ве интересира

НБРМ: Се зголеми профитабилноста на корпоративниот сектор во 2022 година, а задолженоста и натаму е во умерени рамки

Орце Костов

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

ВИДЕО: Сопственикот на Алибаба пее партизанска песна во клуб во Белград

Предраг Петровиќ

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска