Катар поднесе тужба пред СТО против три земји од Персискиот Залив

Од:

Катар денеска соопшти дека поднел тужба пред Светската трговска оранизација против три од четирите држави на Персискиот Залив, кои ги прекинале дипломатските односи со таа земја.

Катар наведе во тужбата дека Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Бехреин ги кршат трговските закони и конвенции.

Бојкотот на Катар започна на 5 јуни, кога четири арапски земји ги прекинаа сите дипломатски и сообраќајни односи со таа земја, обвинувајќи ја за поддржување и финансирање на тероризмот.

Изолацијата која над Катар ја спроведуваат државите од Персискиот Залив го принуди Катар на многу скап увоз и пренасочување на воздушните летови.

Би можело да ве интересира

Америка одобри продажба на 50 тенкови за 2,2 милијарди долари на Бахреин

Египет бара формирање независна држава Палестина

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Катар: Ќе продолжиме финансиски да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина

ВИДЕО: Германскиот претседател го оставија половина час да чека на жешкото сонце во Катар