Америка одобри продажба на 50 тенкови за 2,2 милијарди долари на Бахреин

Од:

Американскиот Стејт департмент даде зелено светло за потенцијална продажба на 50 тенкови М1А2 Абрамс на Бахреин.

Така, Бахреин останува единствената земја од Персискиот Залив што јавно ги поддржува САД во нивните воени операции за да ги спречат нападите на Хутите од Јемен во Црвеното Море и се смета за „главен сојузник на Америка која не е членка на НАТО“ во тој регион, пренесува Teletrader.

Потенцијалниот договор за продажба ќе вклучува и службени возила, подвижни мостови и митралези заедно со друга опрема, за вкупно 2,2 милијарди долари.

„Предложената продажба на оружје ќе го зголеми капацитетот на Бахреин да се соочи со сегашните и идните закани со тоа што ќе му обезбеди средства за одвраќање на противниците и способност да учествува во регионалните операции заедно со САД и другите американски партнерски земји. Бахреин нема да има проблем да ја воведе оваа опрема во нејзините вооружени сили“, соопшти американската агенција за одбранбена соработка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел