Каталонци чекаат во редови пред судовите за да признаат вина за референдумот

Од:

Стотици лица стојат во редови пред судовите во Каталонија за доброволно да признаат „вина“ за организирање и учествување во референдумот за независност во 2017 година, што е дел од новата протестна кампања со која заговорниците на независноста настојуваат да предизвикаат колапс на судовите во таа шпанска покраина.

Граѓанската организација Омниум Културал, чиј лидер Хорди Квиксарт е осуден на 9 години затвор, ги повика демонстрантите да почнат да пријавуваат „вина“, каде пред судовите им делат формулари. Граѓаните со поплнети формулари мирно стојат во редови за да ги предадат во судовите во поголемите градови во Каталонија.

„Ако да се протестира, да се изразува и да се гласа е кривично дело, тогаш сите ние сме виновни. Ова е чекор на солидарност и достоинство“, посочува Омниум Културал.

Организацијата во петокот на својата интернет страница ги постави формуларите, а досега ги симнале околу 10.000 лица.

Високиот суд за правда во Каталонија го ограничи примањето пријави „за вина“ на 25 дневно, со цел судовите да не бидат блокирани од преголемиот број пријави.

– Редовите се непрегледни, изјави Марсел Мури, потпретседател на Омниум Културал. – Граѓаните постојано доаѓаат за да се пријават за виновници, дополни тој.

На забранетиот референдум за независност на Каталонија во 2017 година гласаа 2,2 милиони жители.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата