„Канибалски синџир“ дејствува во јужноафриканската провинција Квазулу-Натал

Од:

Жителите на јужноафриканската провинција Квазулу-Натал живеат во постојан страв дека може да бидат жртви на канибали, по откривањето на едно обезглавено женско тело, пишуваат медимите во Јужна Африка, јавувајќи дека во провинцијата дејствува „канибалски синџир“.

Полицијата има отворено истрага за случајот, но семејството на 25-годишната жена, мајка на две деца, верува дека таа била жртва на канибализмот.

Членови на семејството изјавиле за медиумите дека има „не малку жители“ во оваа провинција и во селото во кое тие живеат кои „не одбиваат да јадат човечко тело“, не гледајќи ништо лошо во тоа.

Скандалот со откриениот канибализам во дел од Јужна Африка избувна пред десетина денови, кога еден човек самиот се пријави во полиција, тврдејќи дека „му здосадило и натаму да јаде човечко месо“.

Како доказ на полицијата тој и донел отсечени делови од човечко тело. При претресот на неговата куќа, биле откриени уште такви делови, како и сварено човечко месо приготвено за јадење.

Овој човек и уште четири други лица, се уапсени и обвинети за канибализам. Двајца од нив изјавиле дека работат како исцелители, а за другите тројца се открило дека се дел од една криминална банда.

Се верува дека постои илегален „канибалски синџир“ одговорен за киднапирање, главно жени кои потоа се убиват, обично со отсекување на главата, а делови од телото на овие несреќни луѓе потоа им се продава на исцелите за кои се верува дека ги има многу во Квазулу-Натал.

На лековерното локално население, за пари, тие им организираат исцелителски сеанси на кои им даваат да јадат човечко месо, уверувајќи ги дека тоа е „чудотворната храна“ која ќе ги штити, ќе им обезбеди моќ и ќе и им донесе пари.

Полицијата бара од локалното население во провинцијата да кажат дали некој од нивните блиски се смета за исчезнат за да утврдат чии се деловите од човечко месо најдени кај канибалите.

Би можело да ве интересира

Фармери ја убиле Марија и уште една жена, со нивните тела ги нахраниле свињите: Случајот ја шокираше Јужна Африка

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска

Путин ќе биде уапсен ако ја посети Јужна Африка, предупредува лидерот на опозицијата

Катерина Ѓуровски