Канада воведе санкции за рускиот милијардер, сопственикот на Индипендент

Од:

Канада му воведе санкции на Александар Лебедев, поранешен агент на советски КГБ, а во моментов сопственик на британските весници „Ивнинг Стандард“ и „Индипендент“, и финансиер на „Нова Газета“, водечкиот руски опозициски весник.

Лебедев е еден од 13-те нови лица кои се вклучени во последните санкции што Канада ги објави вчера, во кои се вклучени олигарси поврзани со режимот на рускиот претседател Путин.

Пакетот санкции, што опфаќа стоки во вредност од 75,7 милиони долари, вклучува забрана за одредени луксузни стоки од Русија, вклучувајќи кавијар, дијаманти и вотка. Канада, исто така, забранува производи што би можеле да се користат во производството на оружје во Русија.

Според „Глоб анд Мејл“, меѓу санкционираните е и Глеб Франк, сопственик на една од најголемите руски риболовни компании, воедно и син на Сергеј Франк, поранешен министер за транспорт и поранешен извршен директор на „Совкомфлот“, најголемата руска бродска компанија.

Би можело да ве интересира

Канада испрати два воени брода во Балтичко Море

Путин првпат од почетокот на војната патува надвор од Русија

Русија: Не гаѓавме цивилни цели во Киев, уништена е фабрика за оружје

Катерина Павлова-Николовска

Унгарија ја предупреди ЕУ: Луѓе, вразумете се

ВИДЕО: Повеќе од 20 илјади странци од 50 земји се борат за Украина

ВИДЕО: Објавени снимки од гранатираните објекти во Киев, први информации за жртви

Катерина Павлова-Николовска