Камерон: НАТО да се реорганизира за подобар одговор на воена закана

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави синоќа дека НАТО мора да се преиспита со цел да биде способен подобро да ги брани своите членки од потенцијална воена закана од Русија.

Тој истакна дека северноатлантскиот воен сојуз, предводен од САД, мора да подразмисли за своите односи со Москва поради украинската криза.

Британскиот премиер, кој во септември ќе биде домаќин на Самитот на НАТО во Велс, изјави дека ќе го искористи тој собир за од 28-те членки да побара да се преиспитаат односите со Русија на подолги патеки, со оглед на фактот дека Москва го доживува НАТО како противник.

Инаку, НАТО ги зајакна вежбите во источна Европа откако Русија во март го анектираше Крим и тројно го зголеми бројот на борбени авиони, стационирани во регионот на Балтикот.

Би можело да ве интересира

Кина би можела да организира мировна конференција на која ќе учествуваат Русија и Украина најави Лавров

Реакции од Италија: „НАТО не може да не принуди да убиваме во Русија, Столтенберг да поднесе оставка“

Предраг Петровиќ

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија