Каде оди Унгарија?

Од:

Дел од опозицијата и невладините организации во Унгарија се загрижени поради изјавата на премиерот за воведување нелиберална демократија.

Унгарија веќе подолго време е на удар од невладините организации поради се поголемите ограничувања на основните човекови права, но и поради подемот на десницата.

Неодамнешната изјава на премиерот Виктор Орбан дека сака да воведе нелиберална демократија, ги загрижи многумина.

Виктор Сзигетвари е член на опозицијата во Унгарија. Се плаши дека неговата земја лизга кон авторитаризам. Затоа ја повика ЕУ да воведе мониторинг на унгарската демократија. – Ваква Унгарија не би ни можела да стане членка на ЕУ. Многу е жално што, а ова ви го зборувам како граѓанин на ЕУ, Брисел е немоќен против земјите кои не ги исполнуваат нејзините основни стандарди, како што се слобода на медиумите, граѓанските слободи и партискиот плурализам – вели овој член на партијата Футура 2014.

Нелиберална држава на национални основи

Неговата загриженост е поттикната од неодамнешниот говор на премиерот Орбан, во кој наведувајќи ги примерите од Индија, Турција, Кина и Русија како нелиберални демократии, рече: – Не верувам дека членството во ЕУ не спречува да изградиме нелиберална нова држава темелена на национални основи.

– Изјавата на премиерот Орбан предизвика реакции ширум Европа. Меѓутоа, активистите на невладиниот сектор велат дека, иако се шокирани, не се изненадени, бидејќи Владата на Орбан со своите постапки со години покажува дека е се, само не е либерална – јавува од Будимпешта репортерот на Ал Џезира Харун Карчиќ.
Сзабо Мате Даниел од Hungarian Civil Liberties Union е еден од многуте борци за поголема демократија во Унгарија.

– До сега го имавме тоа чувство, но Владата тоа секогаш го негираше. Моравме да се расправаме со нив по тоа прашање. Зборувавме дека создаваат нелиберална држава, бидејќи донесуваа такви закони и така постапуваа. Но, владините претставници тоа секогаш го негираа, така овој говор на премиерот Орбан е многу важен, бидејќи од сега тоа не можат да го негираат. Самиот премиер призна каква држава сака – вели Мате Даниел.

Владата: Премиерот тоа не го рече

Меѓутоа, портпаролот на Владата на Орбан, Золтан Ковацс негира дека премиерот воопшто изјавил такво нешто.

– Гледате тоа е суштината на проблемот. Тој тоа не го реќе. Нема да објаснуваме што рече премиерот, бидејќи ако внимателно ја прочитате изјавата, реченица по реченица, иако тоа е долго, 35 минутно предавање, многу е јасно и очигледно дека зборува за општи теми кои се однесуваат на ЕУ и светската демократија, како што се границите на либерализмот – вели Ковацс.

Владата на Орбан изминатите години воведе многу рестрикции на медиумските слободи, невладиниот сектор, но и на изборниот закон.

Поради тоа е често на удар на критики на организациите за човекови права. Меѓутоа, неговата партија на десниот центар Фидесз и понатаму ги освојува гласовите на изборите.

Мнозинството се прашува – Каде оди Унгарија?

Ал Џезира – Доха

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон