Кацу: Вакцинирањето против Ковид-19 не е задолжително

Од:

Романскиот премиер Флорин Кацу денеска во Парламентот потврди дека вакцинацијата против коронавирусот нема да биде задолжителна.

– Постои предлог-закон за вакцинација кој веќе три години е во Собранието и нема никаква врска со тековната кампања за имунизација, одговори Кацу на прашањето за можноста населението да биде законски обврзано да се вакцинира против Ковид-19.

Тој додаде дека немало никаква дискусија за тоа и дека министерот за здравство Реад Араф веќе претходно објавил дека кампањата за вакцинација против Ковид-19 нема да биде задолжителна за населението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет