Јужнокорејскиот премиер поднесе оставка поради трагедијата со фериботот

Од:

Јужнокорејскиот претседател ја прифати оставката на премиерот Чунг Хонг Вон, поради трагедијата со траектот, во која загинаа или исчезнаа повеќе од 300 лица.

-Се извинувам затоа што не ја спречив несреќата и затоа што на неа не одговорив адекватно, бидејќи се случи. Верувам дека како премиер мора да преземам одговорност и да дадам оставка, рече Чунг во директното обраќање до јавноста на државната телевизија.

Патничкиот траект Севол на 16-ти април се преврте и потона, сообраќајќи кон островот Џеџу, додека на него се наоѓаа вкупно 476 лица од кои повеќето беа средношколци. До сега се пронајдени телата на 187 патници, додека 115 се уште се водат како исчезнати.

Владата во Сеул како и сите други органи на власта во изминатите денови беа изложени на остра критика поради трагедијата, односно начинот на кој е спроведена акцијата за спасување, наведе „Франс прес“.

-Оваа несреќа ги шокира и растажи сите Јужнокорејци. Поминаа повеќе денови од несреќата, но јас поради тагата на семејствата на исчезнатите се уште не можам да заспијам. Сепак сега не е време да го впериме прстот едни во други и да го бараме виновникот, туку треба да ставиме крај на акцијата за спасување. Ве молам да ни помогнете да ја пребродиме оваа тешка ситуација-наведе тој.

Чунг додаде дека и порано сакал да даде оставка, но дека акцијата за спасување и пронаоѓање на преживеаните била приоритет.

–Одлучив да дадам оставка за да не бидам товар на власта- заклучи тој.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски

Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море

ВИДЕО: 37.000 извидници евакуирани од камп во Јужна Кореја пред налетот на тајфунот Канун

Катерина Ѓуровски

Поплави и свлечишта во Јужна Кореја, стотици луѓе евакуирани

Горан Наумовски