Министерот за рударство и енергија на Јужна Африка, Гведо Манаташе и неговата сопруга се позитивни на коронавирусот. Двајцата се во изолација, а тој ќе продолжи да работи од дома, соопшти неговиот Кабинет.
Како што пренесува Би-Би-Си, министерот им наложил на сите членови од неговиот Кабинет да се тестираат.
Во Јужна Африка, според Светската здравствена организација, потврдено е дека околу 2.870.000 луѓе се заразени со вирусот Ковид-19.