Локална јужноафриканска кралица од фамилијата АмаРархабе, Нолоjисо Сандиле (56) почина денеска од смртоносниот коронавирус, информацијата ја потврди нејзината фамилија, пренесе тамошниот национален медиум „SABC“.
Сестрата на актуелниот Зулу крал, Гудвил Звелитини, починала како резултат од директни компликации од коронавирусот. Претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоза ја опиша кралицата како „бастион на традиционалните вредности и инспиративен лидер за народот“, додавајќи дека имала значајна улога во развојот на кралството во Источен Кејп.
Јужна Африка има официјално десет признати кралства кои претставуваат различни етнички групи чии лидери имаат главно церемонијални улоги и поретко служат како медијатори за решавање на помали проблеми во државата, а кои се поврзани со етничката група од која ја црпат својата легитимност.
Голем број на јавни личности во Јужна Африка, вклучително и политичари, се заразени од смртоносниот коронавирус, а некои и починале, пренесе јужноафриканскиот медиум.