Јужна Кореја ја предупреди Северна дека употребата на нуклеарно оружје ќе ја доведе до самоуништување

Од:

Јужна Кореја денеска ја предупреди Северна Кореја дека употребата на нуклеарно оружје ќе ја доведе до самоуништување. Предупредувањето уследи откако Северна Кореја усвои Закон кој овозможува превентивно да се употреби нуклеарно оружје.

Јужнокорејскиот министер за одбрана Ли Јонг-сеоп наведе дека Законот само ќе ја продлабочи изолацијата на Северна Кореја. Тој наведе дека Сеул ќе ја зајакне својата превентивна одбрана од можни напади, ракетната одбрана и ќе побара помош од САД за да се одбрани, вклучително и од употреба на нуклеарно оружје.

Северна Кореја минатата недела усвои закон со кој се дозволува превентивна употреба на нуклеарно оружје доколку се соочи со непосреден напад. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун при усвојувањето на овој закон во Парламентот изјави дека Пјонгјанг никогаш нема да се откаже од нуклеарното оружје, бидејќи тоа е неопходно поради заканите од САД.

Во текот на оваа година, Северна Кореја изврши невообичаено голем број ракетни тестирања.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Извештај: Американците се подготвувале за нуклеарен напад од Русија

Предраг Петровиќ

Русија може да користи нуклеарно оружје полесно отколку што се мисли

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Путин: Не сакаме нуклеарно оружје во вселената

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он