Јужна Африка одбележува 20 години од укинувањето на апартхејдот

Од:

Јужноафриканската Република го одбележува денеска националниот празник, Денот на слободата, односно 20-годишнината од паѓањето на режимот на апартхејдот.

На 27 април 1994 година во земјата беа спроведени првите слободни избори, на кои победи дотогаш забранетиот Африкански национален когрес, а претседател стана Нелсон Мандела, кој повикуваше на расно помирување.

mandelaGlasaa– Сакам сите Јужноафриканци, бели и црни, да можат да одат со исправени глави, да живеат без страв и непречено да го изразуваат своето човечко достоинство, изјави Мандела при стапувањето на должност пред 20 години.

Во земјата беа изградени 3,3 милиони бесплатни живеалишта за сиромашните, а големи суми се вложуваа во образованието, кое се уште е на ниско ниво.

Главни проблеми во земјата се уште се сиромаштијата, нееднаквоста и невработеноста, која изнесува 24 отсто, а меѓу црномурестите млади луѓе достигнува 55 отсто.

Јужна Африка денеска е водечка економија на континентот и игра важна улога во Африканската унија. Државата се обидува да добие постојано место во Советот за безбедност на Обединетите нации.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска

Путин ќе биде уапсен ако ја посети Јужна Африка, предупредува лидерот на опозицијата

Катерина Ѓуровски

„Фејсбук силувачот“ кој ја лажираше сопствената смрт фатен во Танзанија