Јужноафриканската Република го одбележува денеска националниот празник, Денот на слободата, односно 20-годишнината од паѓањето на режимот на апартхејдот.
На 27 април 1994 година во земјата беа спроведени првите слободни избори, на кои победи дотогаш забранетиот Африкански национален когрес, а претседател стана Нелсон Мандела, кој повикуваше на расно помирување.
– Сакам сите Јужноафриканци, бели и црни, да можат да одат со исправени глави, да живеат без страв и непречено да го изразуваат своето човечко достоинство, изјави Мандела при стапувањето на должност пред 20 години.
Во земјата беа изградени 3,3 милиони бесплатни живеалишта за сиромашните, а големи суми се вложуваа во образованието, кое се уште е на ниско ниво.
Главни проблеми во земјата се уште се сиромаштијата, нееднаквоста и невработеноста, која изнесува 24 отсто, а меѓу црномурестите млади луѓе достигнува 55 отсто.
Јужна Африка денеска е водечка економија на континентот и игра важна улога во Африканската унија. Државата се обидува да добие постојано место во Советот за безбедност на Обединетите нации.