Високиот суд во Петермаритсбург го отфрли обидот на поранешниот претседател на Јужноафриканската Република, Џејкоб Зума, да вложи жалба во предметот што му ја отвора вратата за кривично гонење заради корупција, наведуваат јужноафриканските медиуми.
Извештаите наведуваат дека Високиот суд денеска го одбил барањето на Зума за поднесување жалба.
Зума е обвинет дека примил поткуп од францускиот производител на оружје „Талес“преку својот поранешен финансиски советник Чабир Шаик, кој уште во 2005 година е осуден за измама и корупција.
Зума ги негира обвиненијата за корупција, перење пари и рекетирање во врска со спорниот јужноафрикански договор за вооружување од 1999 година. Тој тврди дека неговиот случај е прејудициран со долготрајното одложување на изведувањето на предметот пред судот.
Исто така, Зума тврди дека во случајот прсти има замешано и политиката.