Јужна Африка ќе испрати во Зимбабве двајца специјални пратеници кои ќе се сретнат со претседателот Роберт Мугабе и претставници на војската.
„Претседателот Џејкоб Зума, во својство на претседавач со Јужноафриканската развојна заедница, испраќа специјални пратеници во Зимбабве”, се вели во денешното соопштение на владата на Јужноафриканската Република.