Јужноафриканската компанија за ископување руда хармони, синоќа соопшти дека еден рудар загинал, а четворица се исчезнати кога земјотрес го погодил рудникот Кусасалету и предизвикал делумен колапс на голема длабочина.
Спасувачките служби, по потресот, успеаа да извлечат еден рудар на површаните, но тој подоцна им подлегна на повредите. Потрагата по исчезнатите рудари се уште трае.