Заменик-началникот на германската федерална криминална полиција Јурген Шток беше избран денеска за шеф на меѓународната полициска служба Интерпол.
Шток ќе го замени Американецот Роналд Ноубл, кој беше генерален секретар на Интерпол во времетраење од 14 години.
Германецот беше избран на функцијата едногласно од Генералното собрание на меѓународната полициска служба на заседание во Монако.
Шток рече дека Интерпол е клучен играч во денешниот свет, каде предизвиците, од геополитички конфликти до здравствени ризици и компјутерски криминал – „не можат да бидат надминати само од националните држави“