Јункер: Нападот врз секоја држава од ЕУ е удар врз секој од нас

Од:

Нападот врз една држава од Европската унија е удар врз сите нас, изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, по повод нападот во Стокхолм.

Тој посочи дека Европската комисија е подготвена да и даде поддршка на Шведска на секој можен начин.

– Исправени сме „рамо до рамо“ со и сочувствуваме со шведскиот народ. Шведските власти можат да сметаат на Комисијата, нагласи Јункер.

Тој објасни дека Стокхолм е нападнат поради желба да биде поразен градот и европскиот начин на живот.

Јункер им изрази сочувство на семејствата на загинатите.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов