Најмалку 24 лица починаа во Јужноафричката Република кога двокатен автобус излета од пат, во подрачјето Хекс Ривер Пас, 140 километри североисточно од Кејптаун.
-Изгледа кочниците откажаа, а возачот изгуби контрола – изјави портпаролот на сообраќајната полиција во провинцијата Вест Кејп.
Помеѓу жртвите се две деца, а повредени се 44 патници.
Полицијата наведе дека се уште не се знае бројот на жртвите, како и вкупниот број на луѓето кои што биле во автобусот.
На овој планински премин често се случуваат несреќи со трагични последици. Годишно на патишната умираат 14.000 луѓе.
Елена Георгиевска