Јапонската авијација во боева готовност по прелетување на кинеска ескадрила над јапонски острови

Од:

Јапонија успешно ги полета своите авиони ловци, откако над нејзините јужни острови прелета ескадрила од 11 кинески воени авиони, кои според Пекинг, одржувале маневри.

Кинеските авиони – освен бомбардер и три авиони за набљудување, прелетаале синоќа во близина до Мијако и Окинава, без да го нарушуваат јапонскиот воздушен простор, соопшти јапонското Министерство за одбрана.

Јапонскиот весник „Јомиури шинбун“ соопшти дека е невообичаено за Кина да располага со толку голема ескадрила во близина до јапонскиот воздушен простор и оти Министерството за одбрана ја анализира целта на мисијата.

Јапонија неколку пати годишно ги полетува своите ловци, за да го заштитува воздушниот простор и од Русија и од Кина.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он